Српските медиуми утрово објавија вистинска трансфер бомба во нивната Суперлига, бидејќи Адема Љајиќ од Нови Пазар ќе премине во редовите на Партизан.
Веста најпрвин ја донесе Спортски журнал, кој известува дека Љајиќ е на чекор до потпис за Партизан, во кој би требало да се врати по 15 години, бидејќи ги помина младинските категории на белградскиот клуб.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во 2008 година Љајиќ дебитираше за Партизан и во наредната година и пол забележа 50 настапи, а сега по деценија и пол треба повторно да стане член на црно-белите.
Денеска Љајиќ има 33 години и важи за најдобриот играч во српската Суперлига, а оваа сезона за Нови Пазар има 7 голови и 6 асистенции на 19 натпревари.
Од заминувањето од Партизан, Љајиќ оствари и забележителна интернационална кариера, бидејќи играше за великани како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ.
За репрезентацијата на Србија, Љајиќ одигра 47 натпревари и постигна 9 голови.