
Хрватската ракометна репрезентација на полуфиналето на Европското првенство против Германија се соочува со низа организациски проблеми што предизвикаа остри реакции од селекторот Дагур Сигурдсон и ракометната јавност.
Веселин Вујовиќ даде силна поддршка на хрватскиот селектор, оценувајќи го однесувањето на ЕХФ како нечовечно и срамно.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Вујовиќ нагласи дека играњето натпревари ден за ден во таканаречената „хрватска група“ е неприфатливо и дека таквиот распоред ги фаворизира другите репрезентации:
„Нечовечно е во ‘хрватската’ група репрезентациите да играат натпревари ден за ден. Не знам како воопшто се согласиле на тоа“, изјави Вујовиќ за Индекс.