Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29. Светско првенство во ракомет.
Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии.
Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓
По натпреварот своја изјава даде и ракометарот Нилс Верстајен, кој ја пофали Македонија во однос на дуелот од пред две години.
„Пред две години победивме убедливо против Македонија на Светско првенство, но сега беа многу подобри.
Мора да се каже дека и ние се подготвуваме многу и заслужено победивме“, изјави Верстајен.