Дома Фудбал Верност за пример: По 509 натпревари и 210 голови ветеранот потпиша нов договор!

Верност за пример: По 509 натпревари и 210 голови ветеранот потпиша нов договор!

Фудбалскиот клуб Селта го дочека Божиќ за да потврди дека легендарниот Иаго Аспас ќе го продолжи договорот.

Легендарниот капитен на Селта имаше договор до крајот на тековната сезона, но двете страни се договорија за продолжување на соработката до летото 2026 година.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Иаго Аспас има 37 години, а се врати во својата Селта уште во 2015 година по неуспешните епизоди во Ливерпул и Севиља.

Тој е дете на Селта, каде што ги помина сите младински категории, за летото 2013 година да оди во Ливерпул со цел да го спаси клубот од банкрот.

Тој за својот омилен клуб одигра вкупно 509 натпревари, постигна 210 голови и запиша 82 асистенции.

На “Балаидос” ќе остане до својата 39-та година и тоа е најубавиот Божиќен подарок за сите навивачи. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус подготвува голема понуда за Осимен

Јувентус е подготвен да понуди голема сума за доведување на Виктор Осимен, за да ги реши с…