Дома Фудбал Спалети ги „крои плановите“ за Јувентус – еве што мисли за Влаховиќ

Спалети ги „крои плановите“ за Јувентус – еве што мисли за Влаховиќ

Новиот тренер на Јувентус, Лучано Спалети, верува дека Душан Влаховиќ ќе остане во Торино.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Душан е среќен тука и сака да остане”, порача италијанскиот стручњак пред дуелот со Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите.

Спалети неодамна ја презеде екипата, но веднаш најде време да разговара со српскиот напаѓач.

„Разговаравме повеќе пати од моето доаѓање. Душан знае што значи да се игра за Јувентус и сака да го прави тоа и понатаму, без разлика што договорот му истекува во јуни следната година. Би бил пресреќен да остане и подолго”, рече новиот тренер на црно-белите.

Договорот на Влаховиќ истекува летото 2026, а неговата плата од 12 милиони евра годишно е над финансиските рамки кои клубот планира да ги воведе.

Сепак, и покрај интересот од Тотенхем, Челси и Бајерн, изгледа дека приказната за неговото заминување повторно е отворена – но во спротивна насока: сè поголеми се шансите да остане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…