Дома Фудбал Останато Некогаш беше најсилниот човек во светот, денес не може да стане од кревет

Некогаш беше најсилниот човек во светот, денес не може да стане од кревет

Рони Колман, легендарниот боди-билдер и осумкратен победник на натпреварот Mr. Olympia, повторно се соочува со тешки предизвици во неговиот живот.

Долго време се знае дека имал здравствени проблеми, но последните месеци се справува со сè посериозна инфекција – сепса, што го држи прикован за постела. Сепсата е болест која може да биде смртоносна ако не се лекува навреме.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Неговото семејство потврди дека станува збор за “комплексна и сериозна состојба”, па легендарниот боди-билдер е хоспитализиран во специјализирана установа под постојан надзор на лекарите.

При третманот на инфекцијата, лекарите откриле дополнителен медицински проблем кој бара итен хируршки зафат.

Според американските медиуми, функционалноста на Колмановото срце е сведена на само 20 отсто, што уште повеќе ја влошува неговата состојба.

Да потсетиме, Колман веќе години наназад води борба со последиците од неговата екстремна кариера.

По бројни операции на грбот, вратот и колковите, што се повеќе од тринаесет на број, тој остана делумно неподвижен. Денеска се движи со помош на количка или патерици, а хроничните болки ги опишува како постојан придружник.

“Знаев дека стилот на животот ќе има последици, но не очекував да биде толку тешко. Минатите недели ми се најтешките во животот”, изјави неодамна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кабиб го провоцира Конор: Кога некого не сакаш, влегуваш во кафезот да го унишитиш и уживаш!

Еден од најдоминантните, ако не и најдоминантеен шампион во лесната категорија на УФЦ, Хаб…