
Тениската вест на денот, а можеби и на целиот спортски свет, беше – Венус Вилијамс повторно игра. Има 45 години. И така легендарната Американка, постарата сестра од најтрофејното семејство во историјата, реши да во Вашингтон, 32 години по дебито во престолнината на САД, повторно – макар само оваа недела – да биде тенисерка.
– А зошто да не!? – одговори седумкратната шампионка на гренд слем (пет пати на Вимблдон, два пати на Ју-Ес опен) на прашање зошто повторно игра.- Го сакам тенисот и тврдата подлога ми е омилена.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Последен пат беше на терен пред 16 месеци во Мајами. Иако никогаш не објави повлекување, никој не очекуваше дека повторно ќе ја види на теренот.
– Кога неодамна бев на Вимблдон, помислив колку е убаво и возбудливо – објаснува.- Се сетив на сите сјајни моменти што ги имав таму. Мислам дека е многу забавно да се игра тенис.
Венус почна да оди во пензија уште во 2019. Тогаш за последен пат одигра цела сезона. Имаше 39 години. Од тогаш полека се навикнува на живот без професионален тенис.
– Многу го сакам овој турнир, се сеќавам кога за прв пат бев тука на 13 години. За мене е многу специјално повторно да играм тука.
Фото: Принтскрин
.