Дома Останати Кошарка Вембанјама е џин, а за време на одморот и уште пораснал!

Вембанјама е џин, а за време на одморот и уште пораснал!

Виктор Вембанјама продолжува да расте. Не, не е шега.

Имено, мерењата пред почетокот на сезоната покажале дека пораснал за два сантиметри во одннос на минатата сезона и сега е на два метри и 26 сантиметри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Тренерот на Спарс потврди дека Вембанјама добил зелено светло да игра и дека проблемот со повредата на рамото е зад младиот Французин.

„Толку многу работа вложив во моето тело, што веќе нема простор за друг напредок. Може да се напредува само до одредена мера, но мислам дека го достигнав максимумот што е можен помеѓу две сезони. Сега ми треба да играм кошарка“, изјави Вембањама.

Пред да се повреди во февруари, Вембанјама минатата сезона одигра 46 натпревари, и во просек бележеше 24,3 поени со 11 скока и 3,8 блокади.

Процентот на успешност од игра му беше 47,6 проценти и 35,2 проценти за три поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Првиот кошаркар кој удри во големата тепачка во НБА-лигата испрати порака (Видео)

Натпреварот помеѓу Детроит Пистонс и Шарлот Хорнетс беше засенет од жестока тепачка на тер…