Дома Фудбал Вечерва е финалето на Лигата на шампионите, кој е биде новиот европски владетел?

Вечерва е финалето на Лигата на шампионите, кој е биде новиот европски владетел?

ПСЖ и Интер од 21 часот во Минхен го играат финалето на Лигата на шампионите.

ПСЖ сака да направи чекор понатаму од 2020 година, кога во финалето загуби од Баерн во Лисабон. Интер, кој ја има освоено Лигата на шампионите три пати, последен пат го подигна трофејот во 2010 година, а под водство на Симоне Инзаги, играше во финалето во 2023 година, кога беше поразен од Манчестер Сити.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Парижаните, по слаб почеток во групната фаза на ЛШ, успеаја да победат во последните три натпревари и завршија на 15-то место. Во нокаут-фазата со убедлива победа од 10:0 го елиминираа Брест, со што го започнаа својот подем. Потоа го надминаа домашниот пораз и го елиминираа Ливерпул, победникот на групната фаза, по изведувањето пенали. Понатаму ги поминаа Астон Вила (5:4) и Арсенал (3:1).

Интер беше еден од најстабилните состави во групната фаза, која ја заврши на четвртото место со пораз од 0:1 кај Баер Леверкузен, што беше и единствениот примен гол. Тимот на Инзаги во нокаут-фазата го елиминира Феенорд, во напната завршница го елиминира Баерн, а потоа во драматично полуфинале ја совлада Барселона (7:6).

Можни состави на ПСЖ и Интер за финалето на Лигата на шампионите, според УЕФА:

ПСЖ: Донарума – Хакими, Маркињос, Пачо, Нуно Мендеш – Жоао Невеш, Витиња, Фабијан Руиз – Кварацхелија, Дембеле, Баркола

Интер: Сомер – Павар, Ачерби, Бастони – Думфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко – Лаутаро Мартинез, Турам

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Изгледа е готово: Вчера можеби заврши дебатата околу „Златната топка“!

Доколку поразот од Челси во финалето на Светското клупско првенство внесол сомнеж кај неко…