Денеска започнува Светското првенство во ракомет, а и од овој голем ракометен настан Македонија ќе биде дел.
Пред самиот почеток од Ракометниот сојуз на Хрватска го објавија кодексот за однесување на навивачите на трибините.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според објавените правила во „Вараждин Арената“ македонските навивачи ќе можат да го внесат само официјалното знаме кое мора да биде во димензија 2×1.5 метри. Се истакнува и дека е забрането внесување било какви тврди предмети.
Македонија првенството го започнува утре со натпреварот против Унгарија од 20:30 часот. Во второто и третото коло од првата фаза ќе се соочиме со Холандија и Гвинеја, тие натпревари на програмата се на 17 и 19.
Комплетниот правлник можете да го прочитате – ТУКА.