Дома Останати Тенис Вавринка за Ѓоковиќ: Те уништува, а среќен си!

Вавринка за Ѓоковиќ: Те уништува, а среќен си!

Станислас Вавринка повторно имаше пофални зборови за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во разговор за подкастот „Nothing Major“, Вавринка рече дека Новак Ѓоковиќ му бил најтежок противник од играчите во „големата четворка“.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Вавринка одигра голем број натпревари против Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Енди Мари и против нив нема позитивен биланс…

„Да, сите тие се доста тешки за играње. Сите ние поминавме низ тоа, но мислам дека Рафа на земја на Ролан Гарос беше најтежок. Особено е тешко кога топките доаѓаат високо на бекхенд, без престан. Имаш чувство дека доаѓа кон тебе со секоја топка. Не гледаш никаква опција како да погодиш победнички удар, како да го исфрлиш надвор од теренот. Зависи како ќе го сфатиш мојот одговор, бидејќи мислам дека повеќе од 20 пати загубив од Новак, но тој беше противникот против кого бев среќен да играм. Иако загубив во финалето на АТП турнирот во Лондон 2014 година со 6:0, 6:3, уживав да играм против него. Тој ја погодува топката со таква чиста техника. Имаш чувство дека те уништува, но си некако среќен бидејќи си играл против совршен тенисер“, рече Вавринка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вакво нешто никој не очекуваше: Синер шокираше со одлуката на три дена пред Вимблдон!

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер три дена пред почетокот на Вимблдон донесе одлука д…