Дома Фудбал Вардарци со јасна цел: Опстанок во лигата и трофеј во Купот

Вардарци со јасна цел: Опстанок во лигата и трофеј во Купот

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, каде што тимот го очекуваат две големи задачи – да обезбеди опстанок во елитното друштво и да се бори за престижниот трофеј во Купот на Македонија.

Во изминатите денови, „црвено-црните“ значително го освежија својот состав со неколку нови засилувања.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Нашите очекувања за претстојниот период се големи. Главната цел ни е да обезбедиме стабилна позиција на табелата, но истовремено се фокусираме и на успехот во Купот на Македонија,“ изјави голманот Давор Талески. „На секој натпревар ќе влегуваме со највисока мотивација и амбиција за победа.“

Новиот член на тимот, Едиз Спахиу, истакна дека борбата за опстанок и за Купот се подеднакво важни. „Верувам дека ќе успееме да го задржиме статусот на прволигаши, а истовремено да ја завршиме сезоната со голем успех – освојување на Купот. Се надевам дека нашата работа и посветеност ќе дадат резултати,“ рече Спахиу.

Сличен оптимизам сподели и Михал Пинтер, кој најави дека ќе даде сè од себе за да го оправда својот трансфер во Вардар. „Целта е јасна – опстанок во лигата како приоритет, а потоа и трофејот во Купот. Подготвен сум максимално да се вложам за успехот на тимот,“ подвлече Пинтер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Тотенхем остана без речиси милион евра – некој му ги „подигнал“ од сметка!

Играчот од средината на Тотенхем, Ив Бисума, настрада во измама која го чинела 950.000 евр…