Дома Останати Ракомет Вардар се засили со Французинот Кеита

Вардар се засили со Французинот Кеита

Македонскиот ракометен гигант Вардар доби ново засилување — францускиот ракометар Махамаду Кеита (29), кој игра на позицијата лево крило. Кеита доаѓа од шпанската AСОБАЛ лига, каде што настапуваше за тимот на Ла Риоха, а зад себе има богато меѓународно искуство и европски трофеи.

Во својата кариера, Кеита се истакна како дел од португалската Бенфика, со која во 2022 година ја освои титулата во Лига Европа, победувајќи го силниот Магдебург во финалето.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во сезоната 2022/23, настапувајќи за Логроњо, Кеита постигна 123 гола на 35 одиграни натпревари, што го потврдува неговиот голгетерски потенцијал. Оваа сезона, во дресот на Ла Риоха, веќе има запишано 25 погодоци.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Поранешна ракометна репрезентативка вмешена во криминал со вадење лични документи!

Поранешна истакната македонска ракометарка од Скопје, заедно со двајца полициски службениц…