Дома Фудбал Вардар ќе се соочи со Струга во финалето на македонскиот Куп

Вардар ќе се соочи со Струга во финалето на македонскиот Куп

Финалето на Купот на Македонија сезонава ќе понуди возбудлив дуел меѓу Вардар и Струга – две екипи кои со заслужени настапи си обезбедија пласман во завршницата на натпреварувањето.

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, одигра нерешено (1-1) на реваншот против Брера Струмица, но благодарение на убедливата победа од првиот натпревар (3-0), без проблеми обезбеди финале. Во реваншот, вардарци настапија со променет состав, што Брера го искористи и поведе со гол на Христијан Јанкулоски во 34. минута. Сепак, на стартот од второто полувреме, Михаил Талевски го постигна израмнувачкиот погодок, со што го постави и конечниот резултат.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Од друга страна, Струга успеа да ја елиминира Шкендија по драматичен двомеч. На реваншот одигран пред домашна публика, стружани поведоа со погодок на Хоган уште во првото полувреме. Шкендија израмни во завршните минути по невнимание на домашната одбрана и лоша реакција на голманот по корнер. Сепак, конечните 1-1 беа доволни за Струга да обезбеди пласман во финалето, благодарение на победата од првиот натпревар (2-1).

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ се сели во Лондон

Тимот на Арсенал е во потрага по напаѓач од висок калибар, а главната цел на тренерот Мике…