
Ракометниот клуб Вардар започнува интересна иницијатива со која сака да ја зачува својата богата историја – преку поддршка од најверните навивачи.
Клубот ги повика сите фанови кои поседуваат стари, оригинални дресови од минатите сезони, а притоа знаат од кој период потекнуваат, да ги донираат. Целта е овие вредни парчиња историја да бидат дел од новата трофејна соба која се подготвува во салата „Расадник“.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
За возврат, од клубот најавуваат атрактивни награди за секој прифатен дрес – нова опрема, сезонски билет, ВИП пристап и можност за средба со ракометарите.
„Имате стар, оригинален дрес на Вардар? Дрес кој за вас има посебно значење?
Сега имате можност да стане дел од клупската историја. Работиме на нова трофејна соба во „Расадник“ и сакаме да ги собереме сите ретро дресови со кои Вардар настапувал низ годините.
Доколку вашиот дрес е сочуван, во добра состојба и се знае од која сезона е, можете да го донирате во клубот. Секој прифатен дрес ќе биде награден со:
нов дрес или комплет
сезонски билет
VIP пристап во салата
средба со тимот
Биди дел од историјата на Вардар.
побарај не на
е-пошта: [email protected]
телефон : 070 936 601
пиши ни на социјалните мрежи“, стои во објавата.