Дома Останати Ракомет Вардар ќе настапи на силен турнир во Хрватска

Вардар ќе настапи на силен турнир во Хрватска

Ракометниот клуб Вардар кон крајот на јануари ќе биде дел од реномираниот меѓународен турнир „Лабин Хендбол Куп 2026“, кој ќе се одржи на 30 и 31 јануари во хрватскиот град Лабин.

Скопскиот состав ќе го отвори турнирот со полуфинален натпревар против словенечкиот тим Слован од Љубљана, закажан за 18 часот. Во вториот полуфинален дуел, кој ќе се одигра истата вечер од 20:15 часот, ќе се соочат хрватските клубови Загреб и Сесвете.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Екипите што ќе излезат како победници од полуфиналните пресметки ќе обезбедат место во големото финале, кое е предвидено за наредниот ден со почеток од 20:15 часот.

Фото: RK Vardar 1961

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар обезбеди четвртфинале во Европската лига: Вака се славеше во Германија (Видео)

Ракометарите на Вардар со убедлива игра го потврдија првото место во групата 3 од ЕХФ Евро…