Дома Фудбал Вардар го затвори преодниот рок: Пристигна и голман од Струга!

Вардар го затвори преодниот рок: Пристигна и голман од Струга!

Со завршувањето на летниот преоден рок, Вардар АД направи пресек на активностите и трансферите, а од клубот порачаа дека тимот е подготвен за предизвиците кои претстојат.

Амбициите остануваат јасни – борба за шампионската титула во Првата лига и за пехарот во Купот на Македонија. За таа цел, управата беше максимално ангажирана во доведување нови засилувања и освежување на ростерот.

Заминувања и позајмици

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Од Вардар си заминаа Џибрил Дианаси, Данел Јордан Донгмо, Кристијан Николовски, Гоце Јовчев, Александар Ѓурковски, Лука Атанасовски и Николче Шаркоски. Клубот им се заблагодари за придонесот во црвено-црниот дрес и им посака успех во понатамошната кариера.
Воедно, Мануел Куестас ќе настапува како позајмен играч во Брера, додека Горјан Цветков ќе ја мине сезоната во тимот на Скопје.

Нови имиња

Вардар го зајакна составот со неколку значајни имиња: Муса Раматхан, Фахад Бајо, Димитар Данев, Давид Бабунски и Ведран Ќосевски. Од клубот очекуваат дека нивното искуство и квалитети ќе донесат свежина, поголема конкуренција и тактичка разновидност во играта.

Со овие засилувања, стручниот штаб добива повеќе можности за ротација, а конкуренцијата за место во првиот состав треба да ја подигне работната атмосфера и на тренинзите и на натпреварите.

Враќање на врвот

„Вардар влегува во новата сезона со јасна визија и силна мотивација – да се врати таму каде што припаѓа, на врвот на македонскиот фудбал. Со поддршка од навивачите и посветеност од сите во клубот, пред нас е возбудлива натпреварувачка година исполнета со големи очекувања и амбиции“, стои во соопштението на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дочека: Ветеранот Варди го постигна првенецот во Серија А! (Видео)

Поранешниот англиски репрезентативец, Џејми Варди вечерва го постигна неговиот прв гол во …