
Искусниот словенечки интернационалец Јака Малус (28) во следните две сезони ќе биде играч на Вардар, откако го потпиша договорот со најтрофејниот македонски ракометен колектив. Игра на позицијата среден бек и зад себе има големо искуство во играње во ЕХФ лигата на шампионите и Лига Европа.
Се наоѓа на поширокиот список на репрезентацијата на Словенија, а ги има поминато и сите младински селекции и настапувани на младинските и светски првенства во младите возрасни категории.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Потекнува од познатата ракометна школа во Словенија од каде се излезени многу ракометари што играат на таа позиција. Почнувајќи од Целје, преку Мешков Брест, па шпански Синфин и до германски Гепеинген и словенечки Слован, тој ја гради успешната играчка кариера во која има освоено 18 трофеи. Има 6 титули во Словенија, шестпати бил освојувач на Купот на Словенија, и четирипати го освојувал Супер купот на Словенија. Додека беше дел од Мешков, двапати беше првак на Белорусија.
Последен клуб му е амбициозниот Слован од Љубљана кој веќе го освои Купот, а им аамбиции д абид еи првак на Словенија. На последниот настап во Купот на Словенија, Јак Малус беше прогласен за МВП на турнирот.
Во сезоната 2020/2021 играше во четвртфиналето на ЕХФ лигата нашампионите. Со екипата на Гепинген во сезоната 2022/23 играше на Ф4 турнирот во Лига Европа и го освои бронзениот медал.
„Голема честа ми е што станувам дел од еден од најголемите ракометни клубови во регионот – РК Вардар. Свесен сум за традицијата, амбициите и очекувањата што ги носи овој клуб. Ќе ми биде посебна гордост да го носам црвено-црниот дрес и да го претставувам клубот со толку богата историја и верна армија навивачи. Доаѓам подготвен да го дадам својот максимум, како на теренот така и надвор од него, и заедно со тимот да придонесам за нови успеси. Благодарен сум за укажаната доверба и се радувам на сè што нè очекува во наредниот период, изјави Јака Малус при потпишувањето на договорот.
Фото: РК Вардар