Дома Останати Ракомет Вардар договори уште еден Полјак – доаѓа одличниот Виктор Јанковски!

Вардар договори уште еден Полјак – доаѓа одличниот Виктор Јанковски!

Поранешниот европски шампион Вардар продолжува со градење на силен состав за следната сезона, а најновото засилување е полскиот репрезентативец Виктор Јанковски.

Искусниот пивот, кој е висок 200 сантиметри, потпиша тригодишен договор со „црвено-црните“ и се очекува да биде клучна фигура во двата правци – како во одбраната, така и во нападот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Јанковски доаѓа во редовите на Вардар од полскиот клуб Квиџин, каде што се истакна со своите физички способности и играчки квалитети.

Претходно, тој беше дел од реномираниот полски тим Висла Плоцк, а веќе неколку години е и редовен член на сениорската репрезентација на Полска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…