Дома Фудбал Ван Дајк загрижен поради бројките на Ливерпул: Тоа нè боли многу

Ван Дајк загрижен поради бројките на Ливерпул: Тоа нè боли многу

Капитенот на фудбалерите на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, изјави дека проблемите на неговиот тим во одбраната при прекини „болат“, пренесе денес Би Би Си (BBC).

Ливерпул оваа сезона примил 12 гола од прекини, што е најмногу во Премиер лигата, заедно со Борнмут и Нотингем Форест. Во саботниот натпревар на „Енфилд“, кој Ливерпул го доби 2:1, гол за Вулвс од корнер постигна Сантијаго Буено, додека минатата недела Ришарлисон ја потресе мрежата откако Ливерпул не успеа да го расчисти прекинот против Тотенхем.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Имаше многу натпревари во кои се браневме многу добро од прекини, но фактот е дека примивме премногу голови на тој начин, а не постигнуваме доволно“, рече Ван Дајк.

Тој нагласи дека проблемот често не е во првиот дуел, туку во продолжувањето на акцијата.

„Во најмалку 75 проценти од ситуациите, па и повеќе, не е прашање на првиот контакт. Втората фаза е убиточна“, истакна холандскиот дефанзивец.

Ливерпул, без да се сметаат пеналите, постигна само три гола од прекини во првенството, со гол-разлика од минус девет, што е најлошиот учинок на клубот во Премиер лигата според тој параметар.

„Примивме премногу голови од прекини и тоа боли. Мораме да се поправиме, а тренингот е единствениот начин да бидеме подобри“, додаде Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски и официјално го соопшти комплетниот свој стручен штаб!

Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот шт…