
Ливерпул минатата недела во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите славеше против ПСЖ во Париз со 1:0, но Парижаните успеаја да ја променат ситуацијата во реваншот на Енфилд и да го обезбедат пласманот понатаму по изведувањето на пеналите. По испаѓањето од Лигата на шампионите новинарите го прашаа капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, дали ќе остане во клубот откако му истекува договорот летово.
„Честитки до ПСЖ, тие се најдобрата екипа со која игравме оваа сезона. Заслугата му припаѓа на тренерот Луис Енрике. Изгради мошне добра екипа”, изјави Холанѓанецот па проговори за својот статус во клубот. „Не знам што ќе биде со мене следната сезона. Ако некој ви каже дека знае, лаже ве директно во лице. Мојот договор е на пауза? Не, ништо не е на пауза. Секогаш го кажувам истото. Ако има некакви новости, ќе ве известам. Не знам ни сам што ќе биде“.
Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Договорот со Ливерпул му трае до 30 јуни оваа година. По натпреварот со ПСЖ беше виден како разговара со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Хелаифи, и спортскиот директор Луис Кампос.