
Екипата што ја води Арне Слот од клупата оваа сезона игра навистина одлично во домашното првенство и имаа големи очекувања и во Лигата на шампиони. Меѓутоа, беа елиминирани од ова натпреварување од ПСЖ.
Тоа што секако ги загрижува сите навивачи е што ќе се случи на крајот на сезоната со трите големи ѕвезди на клубот на кои им истекува договорот.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Како што тврдат новинарите од Англија, и Вирџил ван Дајк конечно ја донесе својата одлука, и на крајот на сезоната и тој ќе го напушти Ливерпул. Слот го направи клучниот избор и реши да го остави да си оди и да престане да го убедува да потпише нов договор.
Според англиските медиуми, Слот веднаш започнал потрага по играч кој ќе го замени Ван Дајк во Ливерпул, а изборот паднал на играчот на Баер Леверкузен, Пиеро Хинкапи.