Дома Фудбал Вакво нешто ретко се гледа: Дали овој голман си даде намерно автогол во 92. минута? (Видео)

Вакво нешто ретко се гледа: Дали овој голман си даде намерно автогол во 92. минута? (Видео)

Натпреварот од осминафиналето на Купот на Катар помеѓу Ал Шаханија и Ал Шамал се најде под рефлекторите поради бизарен автогол што го постигна голманот на гостите, Оумар Бари.

Резултатот во 92-та минута беше 0:0, кога връзниот играч на Ал Шаханија, Јусуф Раиси, изведе слободен удар од речиси 40 метри.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Топката беше силно упатена, но право кон средината на голот, што изгледаше како лесна задача за Бари да го запре ударот.

Сепак, 39-годишниот Бари првично ја одби топката високо над главата, а кога таа почна да паѓа, се обиде да ја исфрли во корнер над пречката.

Го промаши обидот, топката удри во пречката и падна во петарецот, а Бари ја смести во сопствениот гол.

Тој гол беше единствениот на натпреварот и со него заврши учеството на Ал Шамал во Купот на Катар. На социјалните мрежи се започна дебата дали Бари направи кикс, или тоа беше “кикс” што доведе до пораз на неговиот тим во корист на обложувачниците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вечерва ќе ја гледаме можеби и најлудата вечер во Лигата на шампионите!

Вечерва во 21 часот се играат сите 18 натпревари од последното коло на групната фаза на Ли…