
Шуај Жанг и Екатерина Александрова обезбедија место во третото коло на Вимблдон во конкуренцијата на двојки, откако го надминаа возбудливиот натпревар против Ерика Хозуми и Алдила Сутџијади. Меѓутоа, после мечот, фокусот беше на сосема поинаков момент кој ја засени самата игра.
Необична сцена се случи при крајот од третиот сет, кога Сутџијади, при сервирањето, доживеа вистинско изненадување.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Пчела се спушти на нејзината рака, а таа, изненадена и малку уплашена, се обиде да ја издува, што предизвика смеа кај коментаторите.
“Фантастична реакција. Дали е ова пчела? Речиси заплака. Да, тоа е пчела. Сè е во ред, може да продолжи,” рече низ смеа коментаторот на Спорт Клуб, а оваа сцена може да ја погледнете ТУКА.
Алдила Сутџијади, 30-годишна тенисерка од Индонезија, моментално е на 47 место на светската WTA листа во двојки, а со оваа ситуација, дури за миг, стана позната по својата комична реакција, која насмеа многумина.