Дома Фудбал Вакво нешто не се памети: ПСЖ и Луис Енрике на европскиот Суперкуп пристигнуваат како никој друг тим!

Вакво нешто не се памети: ПСЖ и Луис Енрике на европскиот Суперкуп пристигнуваат како никој друг тим!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ќе се појават на натпреварот за Суперкупот на Европа против Тотенхем на 13 август во Удине, без ниеден одржан подготовителен натпревар.

Ваквата одлука ја донесе тренерот на европскиот шампион Луис Енрике, кој им го продолжи одморот на своите играчи за уште два дена.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


ПСЖ ќе започне со тренинзите на 6 август и по само седум дена работа ќе добијат шанса да освојат првиот трофеј во новата сезона.

Очигледно е дека шпанскиот стратег ги наградува играчите за извонредните успеси од претходната сезона.

Парижаните успешно ја освоија Лигата на шампионите за првпат во својата историја, ги собраа сите домашни трофеи, а стигнаа и до финалето на Светскиот куп за клубови, каде неочекувано загубија од Челси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато име се враќа во трката за Душан Влаховиќ

Барселона важи за главен фаворит кога станува збор за потписот на Душан Влаховиќ, но не мо…