Дома Фудбал Останато Вакво нешто не се памети: 11-годишно девојче освои медал на Светското првенство во пливање (Видео)

Вакво нешто не се памети: 11-годишно девојче освои медал на Светското првенство во пливање (Видео)

Ју Зиди (11) веќе го остави својот знак во историјата на спортот додека е сè уште во основно училиште. Иако постојано поместуваме граници, овој успех претставува вистински аларм.

Зиди постигна извонреден резултат освојувајќи бронзен медал во штафетата на 4×200 метри слободен стил.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Нејзиниот учинок беше остварен во квалификациите, што и донесе право на медалот без да учествува во финалето. Во оваа дисциплина, Кина беше надмината само од тимовите на САД и новиот шампион Австралија.

Зиди влезе во историјата како најмладата медалистка на Светското првенство и најмладата учесничка што освоила медал на меѓународни натпревари од 1936 година, кога Инга Соренсен ја прекрши истата бариера на Олимписките игри со освојување на бронза во дисциплината 200 метри брејс само неколку недели по нејзиниот 12-ти роденден.

„Доста сум возбудена, убаво е чувството“, изјавила Зиди.

Оваа млада ученичка ќе наполни 12 години во октомври, и буквално за 0,06 секунди и избега бронзата на 200 метри пеперутка. Оваа година постави рекорд за пливачи до 12 години во дисциплината на 200 метри со време од 2:10,63, што не остана незабележано од ФИНА, кои ја прогласија за сензација.

Нејзиното учество предизвика поделени мислења, бидејќи принципиелно не им е дозволено на пливачи под 14 години да учествуваат на Светското првенство, но таа го оствари правото со исполнување на А нормата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Навивачка сакаше да отвори сок на -20: Погледнете што се случи (Видео)

Навивачка на Чикаго Беарс стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи откако на ТикТок обј…