Дома Останати Тенис Вакви срамни сцени не се видени: Медведев направи хаос поради фотографот, па испадна од Ју-Ес Опен (Видео)

Вакви срамни сцени не се видени: Медведев направи хаос поради фотографот, па испадна од Ју-Ес Опен (Видео)

На стартот на Ју-Ес Опен главната приказна е рускиот тенисер Даниил Медведев кој доби неверојатни критики поради срамотата од својот живот бидејќи многумина не можат да поверуваат што направи за време на мечот, но на крај заслужено испадна од Бенџамин Бонзи.

За мечот меѓу Медведев и Бонзи сигурно ќе се говори долго време, но за жал не поради тоа што Французинот го надмудри фаворитот и го испрати дома туку поради хаосот што Русинот го направи во Њујорк.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Бонзи фантастично го отвори мечот и на старт му покажа на Медведев дека нема лесно да мине, бидејќи првиот сет го доби со 6:3 само по половина час игра.

Медведев се обиде да се врати, но во вториот сет сфати дека “редот е донесен” откако Бонзи поведе со 2:0 во сетови бидејќи и вториот сет го доби со 7:5.

Веднаш отиде кај судијата и почна вербално да го навредува, а публикаата потоа целосно се сврте против Русинот што на крај доведе до лудост и целосно помрачување на умот.

„Дали си човек? Дали си човек? Зошто се тресеш, што ти е? Овој човек сака да оди, очигледно е платен по меч, а не по час. Па што правите тоа?”, викаше Медведев на главниот судија на мечот.

Но, кога публикаата го сврте грбот на рускиот тенисер и почна да му свири, тој целосно ги изгуби нервите и почна да испраќа бакнежи кон нив, но и потоа со рацете да им сугерира некои ужасни работи.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Доминација на Ѓоковиќ на почетокот на Ју-Ес Опен – без изгубен сервис до втората рунда

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Отвореното првенство на Сое…