Дома Фудбал Ваква форма во Фиренца не се памети, Каталди погоди за Бове (Видео)

Ваква форма во Фиренца не се памети, Каталди погоди за Бове (Видео)

Фудбалерите на Фиорентина го победија Каљари на својот „Артемио Франки“ со резултат 1:0 (1:0) во рамките на 15. коло од Серија А.

Неверојатна серија резултати за екипата на Рафаеле Паладина. Ова беше Осма последователна победа во Серија А, а истата беше посветена на Едоардо Бове, чиешто здравје сега е стабилно, но минатата недела колабираше на теренот за време на натпреварот против Интер.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Моментот на одлука се случи во 24. минута кога Данило Каталди одлично го отвори стопалото и погоди од работ на казнениот простор.

Ова не беше натпревар полн со шанси, Каљари имаше за нијанса поопасни прилики, но победата остана во Фиренца со што Фиорентина стигнува до дури 31. бод во сезоната и 4. позиција. Од друга страна, Каљари е на 15. место на табелата.

href=”https://t.co/6x3ny2RqcA”>pic.twitter.com/6x3ny2RqcA

— Max Statman (@emaxstatman) 8 декември 2024
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анчелоти: “Нејмар има доволно време да се спреми за СП”

Селекторот на Бразил Карло Анчелоти изјави дека Нејмар сè уште е во конкуренција за играчи…