Дома Фудбал Ваков рекордер не сте сретнале: Навивач на Монако има над 1000 дреса!

Ваков рекордер не сте сретнале: Навивач на Монако има над 1000 дреса!

Верниот поддржувач на Монако постигна светски рекорд за најголема колекција на оригинални дресови од еден фудбалски клуб, со вкупно 1.146 дресови.

Навивачот Жулиен Бурон ја презентираше својата богата колекција на дресови на фудбалскиот клуб Монако, меѓу кои може да се најдат и дресови носени од Килијан Мбапе, Тиери Анри, Мануел Аморос, Радамел Фалкао, Давид Трезеге и Делјо Онис, кој е најдобриот стрелец на клубот.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Како што информираше клубот Монако, на настанот присуствувал и официјален судски службеник кој го потврди бројот од 1.146 дресови, што претставува нов светски рекорд, надминувајќи го претходниот кој го држеше еден навивач на Ливерпул од Швајцарија.

Бурон, кој потекнува од Бургундија, сподели дека неговата љубов кон клубот започнала пред 25 години, при првото присуство на натпреварот помеѓу Монако и Оксер.

“Тоа беше годината кога Монако освои седма титула во француската лига. Тогаш не се заљубив во Оксер, туку во Монако. Од тој ден, континуирано го следам клубот”, изјави навивачот за официјалната страница на клубот.

Бурон започнал со собирање на дресови откако поранешен играч на Монако, Лукас Бернарди, му подарил дрес од сезоната 2006/2007.

“Од тој момент, мојот интерес за дресови кои се носени на натпревари постојано растеше. Денес, тоа е активност која трошат многу време. Секогаш барам ретки примероци, но веќе сум горд на тоа што го поседувам”, изјави Бурон.

Најстариот дрес во неговата колекција датира од педесеттите години на минатиот век и бил носен од дефанзивецот Франсоа Лудо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот на Србија удри по Пикси: Да беше Пауновиќ тука, немаше да изгубиме од Албанија!

Филип Костиќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Србија во натпреварот против Англ…