
Американскиот ММА борец Бо Никал се врати триумфално на победничката патека, нокаутирајќи го бразилскиот мајстор на партерот Родолфо Вијера на настанот УФЦ 322. Борбата беше најавена како пресметка помеѓу два врвни греплери, но Никал од самиот почеток покажа дека е многу покомплетен борец, доминирајќи во октагонот и обезбедувајќи важна победа по неговиот прв пораз во кариерата.
Третата рунда донесе спектакуларен завршеток. Вијера тргна на се или ништо, но Никал трпеливо го чекаше моментот. Следеше разорен „хај-кик“, директно во глава, прецизен и силен, во стилот на легендата Мирко Кро Кап, кој го испрати Вијера на подот и ја заврши борбата. Официјално време на нокаутот беше 2 минути и 24 секунди од третата рунда.
.Огромно изјавување од Бо Никал!!
— FightTalk (@Fight_Talk_) 16 ноември, 2025
Нокаут со удар во глава#UFC322 pic.twitter.com/1B8shNMGhJ