
Манчестер сити во последните неколку недели почнува да се однесува како тимот кој со години доминира на англиската и европската фудбалска сцена, а на денешниот натпревар сведочевме на вистинска мала магија од страна на Граѓаните.
Со победата над Сандерленд со резултат 3:0, Сити целосно се врати во борба за шампионската титула и сега им недостасуваат само два бода зад водечкиот Арсенал.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Најубавиот момент од натпреварот, а можеби и од комплетниот прв дел од сезоната, го создаде Рајан Черки со несебичната помош од Фил Фоден, кој ја обезбеди една од најдобри асистенции на годината.
Кога резултатот беше 2:0, во 65-та минута Рајан Черки направи одлични потези по десната страна, а потоа со популарната „рабона“ фантастично му асистираше на Фоден.
Нештата станаа уште повозбудливи благодарение на Фоден, еден од најниските играчи на теренот, кој со глава ја удри топката под гредата на голот.
За Сити, ова е трет последователен триумф во лигата, и тие го искористија поразот на Арсенал од Астон Вила за да се доближат до лидерот на првенството на само два бода.
Alternate angles of Rayan Cherki’s beautiful rabona assist against Sunderland 65′
byu/Hour-Performance8505 insoccer