
Страхиња Гавриловиќ, српскиот борец во мешани боречки вештини, го загуби животот во центарот на Шербрук, во канадската провинција Квебек.
Заедно со него, на повредите подлегна и неговата девојка, Едит Дима, кои според пишувањата на La Tribuna станале жртви на инцидент што се случил во саботата вечерта.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Во оваа фаза од истрагата, властите не разгледуваат фемицид или семејно насилство како можни причини. Истрагата ја превзеле надлежните служби на провинцијата Квебек.
„Во моментов инспекторите ги проучуваат сите околности на случајот“, објасни Луј-Филип Руeл, портпарол на Квебек. „Се среќаваме со сведоци и ги прегледуваме камерите од таа област. Бараме дополнителни информации.“
Соседите, кои ги интервјуирал „La Tribuna“, изјавиле дека слушнале неколку истрели во текот на ноќта.
Во својата MMA кариера, Гавриловиќ имал 14 борби, постигнал осум победи и шест порази. Последната борба ја имал во 2022 година.