
Самјуел Асамоа (31), тоголески фудбалер, се наоѓа во критична состојба и се соочува со „висок ризик од параплегија“ по тешката несреќа со рекламните табли за време на натпреварот од второ ниво на кинескиот фудбал.
Асамоа играше за Гвангџи Пингво во мечот против Чонгкинг Тонглианлонг минатата недела, кога во дуел со противничкиот играч од средината на теренот Жанг Жиксионг, дојде до судир на рамениците. Како резултат на тоа, Асамоа со главата удри во таблите крај теренот и падна на тревата.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Медицинскиот тим бргу реагираше, а клубот во понеделникот соопшти дека фудбалерот претрпел повеќекратни фрактури на вратот и сериозни оштетувања на нервниот систем. Асамоа беше опериран и ќе ја пропушти остатокот од сезоната, а беше соопштено дека неговата кариера може да биде сериозно загрозена.
Во среда клубот издаде ново соопштение во кое се заблагодарува на навивачите и ветува дека јавноста ќе биде информирана за неговото закрепнување по понатамошни прегледи.