Дома Фудбал Узбекистан првпат на Светското првенство!

Узбекистан првпат на Светското првенство!

Со реми против Обединетите Арапски Емирати во претпоследното коло од азиските квалификации, фудбалерите на Узбекистан постигнаа историски успех.

Тие за првпат добија учество на светскиот фудбалски турнир и ќе ги следиме наредната година на Светското првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Узбекистан е осмата земја која го обезбеди своето место на завршниот турнир.

Со едно коло до крајот, тие имаат предност од четири поени пред Емиратите, а второто место го обезбедија со ремито кое им беше доволно за директно учество и за освојување на оваа историска победа.

Узбекистан беше дел од Советскиот Сојуз до 1991 година, кога стана независна држава. Има популација од над 37 милиони жители, нема излез на море, а главниот град на оваа земја е Ташкент каде живеат три милиони луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eкс-фудбалерот на Реал Мадрид за изјавата на Мурињо: И денес не го разбирам!

Педро Леон, кој денеска има 38 години и игра за Реал Мурсија, во интервју за емисијата …