За време на полувремето од големото дерби меѓу Пелистер и Вардар, битолската публика уште еднаш ја покажа својата хуманост и солидарност.
Паркетот во спортската сала „Боро Чурлевски“ беше преполн со плишани играчки, кои љубителите на ракометот ги фрлаа кон теренот како дел од хуманитарна акција.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Овие плишани мечиња, собрани во духот на заедничката поддршка, беа донирани на деца, обезбедувајќи им мал знак на радост и љубов во празничниот период.