Дома Бокс Усик би можел да ја изгуби ВБО титулата, има рок од 30 дена

Усик би можел да ја изгуби ВБО титулата, има рок од 30 дена

Светскиот шампион во тешка категорија Олександр Усик (23-0, 14 КО) би можел да ја загуби и ВБО титулата доколку Укринацот не се бори против Џозеф Паркер (26-3, 24 КО).

Таа организација му даде на 38-годишникот рок од 30 дена да договори меч против Новозеланѓанецот, инаку Усик ќе остане „само“ со ВБА (супер) и ВБЦ титулите.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Усик во мај минатата година стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во епохата на „четирите појаси“, а прво остана без ИБФ појасот поради реваншот со една година помладиот Британец Тајсон Фјури (34-1-1, 24 КО) во декември.

Тогаш Англичанецот Даниел Дубоа стана ИБФ шампион со унапредување од статусот на привремен шампион, а владеењето го потврди со нокаут против Ентони Џошуа на полниот Вембли.

Слична е ситуацијата и со 33-годишниот Паркер, кој минатиот февруари во Ријад ја одбрани привремената титула нокаутирајќи го Конгаецот Мартин Баколе, кој дојде како замена за Дубоа.

Усик најави дека до пензија му остануваат уште две професионални борби, а останува да се види кој ќе му биде следен противник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Крадел автомобил, бил во затвор, па го открил боксот и се „препородил“

Марио Дасер, познатиот германски боксер, бил застрелан двапати во еден ресторан во Белград…