
Фудбалерот на Бенфика, Алваро Карерас, е на чекор од трансфер во Реал Мадрид. 22-годишниот дефанзивец веќе ги прифати личните услови што му беа понудени, потврди новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер.
Не е тајна дека идниот тренер на кралскиот клуб, Чаби Алонсо, го сака Карерас на левата страна од одбраната. Зделката уште не може да се смета за сигурна, бидејќи преговорите со Бенфика нема да бидат лесни.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
Хуни Калафат и Хосе Анхел Санчез ја презедоа задачата да ги убедат шефовите на португалскиот гигант да ја намалат цената на играчот, иако тој има откупна клаузула во износ од 50 милиони евра.
Карерас беше дел од академијата на Реал Мадрид помеѓу 2017 и 2020 година. Подоцна тој премина во Манчестер Јунајтед, а „црвените ѓаволи“ го испраќаа под наем последователно во Престон, Гранада и Бенфика. Минатото лето, португалскиот гигант плати 6 милиони евра и ги доби правата на левиот бек, кој се обврза со договор до 2029 година.
Ако Карерас потпише со Реал Мадрид, тој ќе стане дел од целосно обновената одбрана на „белите“, која вклучува и Трент Александер-Арнолд и Дин Хаусен.