Дома Фудбал Уште еден клуб во регионот во игра за потписот на Ангеловски!

Уште еден клуб во регионот во игра за потписот на Ангеловски!

Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, по шпекулациите дека би можел да ја преземе косовска Приштина, сега се поврзува и со уште една тренерска позиција.

Како што пренесува босанскиот портал „klix.ba“, Ангеловски е меѓу кандидатите за нов шеф на стручниот штаб на Сарајево, по заминувањето на Зоран Зекиќ од оваа функција.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на Сарајево, Крсте Велковски, веќе ги доведе Стефан Ристовски и Агон Елези, а во случај Ангеловски да седне на клупата, тој ќе стане четвртиот Македонец во клубот.

„Максимално сме ангажирани во процесот за пронаоѓање на најдоброто решение за нов тренер на Сарајево. Ги разбирам навивачите кои се нетрпеливи, но уште не сме донеле одлука“, изјави Велковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…