
Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, наводно ја напуштил предсезонската турнеја на клубот низ Азија поради лични причини.
Бразилскиот репрезентативец не беше присутен на отворениот тренинг што се одржа на JFA Dream Field во Токио. Подоцна беше откриено дека Алисон добил одобрување од клубот веднаш да замине од Јапонија.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Ова значи дека бразилскиот репрезентативец нема да игра на последниот натпревар против Јокохама Ф Маринос на стадионот Нисан кој е закажан за среда.
Триесетдве-годишниот играч ќе се придружи на тимот по нивното враќање во Обединетото Кралство, пишува The Sun.
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, сѐ уште има на располагање доволно резерви, имајќи предвид дека на турнејата се и голманите Фреди Вудман, Армин Печи и Корнел Мисчур.
Интересно е дека Алисон е третот играч кој ја напушти двонеделната турнеја на Ливерпул во Азија. Претходно клубот го напушти Луис Диаз за да го заврши својот трансфер од 65,5 милиони фунти во шампионите на Бундеслигата, Баерн Минхен. Покрај него, Џо Гомез минатата недела полета кон дома поради повреда на Ахиловата тетива и се подложува на дополнителни тестови во Мерсисајд.
Алисон најверојатно ќе се придружи на тимот на 4 август кога на Енфилд ги очекува дуел со Атлетик Клуб.