Дома Фудбал Урнебесна сцена: Слот задоцни и не го виде голот на Ливерпул (Видео)

Урнебесна сцена: Слот задоцни и не го виде голот на Ливерпул (Видео)

Менџерот на Ливерпул, Арне Слот, не стигна навреме на почетокот на второто полувреме на натпреварот со Њукасл, а поради тоа го пропушти вториот гол на неговиот тим.

Откако постигнаа водство благодарение на голот на Рајан Гравенберх во првиот дел, следуваше одлично отворање на втората половина.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Само дваесетина секунди по стартната свирка за второто полувреме, Уго Екитике го затресе мрежата на Ник Поуп и донесе водство од 2:0.

Холандецот на клупата на Редсите задоцни на повторниот влез на теренот и го пропушти овој гол, кој беше фатен и од телевизиските камери.

Во секој случај, Ливерпул извојува победа по драматичен пресврт со резултат 3:2, а покрај Екитике и Гравенберх, младата надеж Рио Нгумоха го постигна победничкиот гол во 100-та минута на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул му се одмазди на Галатасарај и ќе бара реванш против ПСЖ

Ливерпул го совлада Галатасарај со 4:0 на “Енфилд” и со вкупен резултат 4:1 го…