Дома Фудбал Управата на Реал Мадрид му кажа „доста“ на безобразниот Винисиус

Управата на Реал Мадрид му кажа „доста“ на безобразниот Винисиус

Иако еден од најдобрите фудбалери во светот, во овој момент Винисиус Жуниор важи и за еден од најбезобразните фудбалери на планетата. Сега, тој претера и со челниците на Реал Мадрид кои одлучија да му кажат дека е доста и да ги прекинат преговорите за новиот договор.

Винисиус Жуниор има договор со Реал Мадрид до 2027 година, а постојат информации дека би го сакале во своите редови многу европски великани.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Реал Мадрид неодамна започна преговори со бразилската ѕвезда за продолжување на договорот, но договорот сѐ уште не е постигнат.

Бразилецот не успеал да постигне договор за продолжување на договорот со Реал Мадрид откако побара годишна плата од 30 милиони евра. Со оваа сума би станал најплатен фудбалер во тимот.

Покрај платата од 30 милиони евра по сезона, Винисиус Жуниор побарал и бонус за потпишување на договорот од Реал Мадрид.

Челниците на клубот од Сантјаго Бернабеу не се согласија на тоа и ги прекинаа преговорите.

Реал Мадрид верува дека Винисиус Жуниор се обидува да ги „уцени“ за да добие повеќе пари.

Шефовите од Бернабеу сметаат дека Винисиус Жуниор е повеќе заинтересиран за парите, и поради тоа неговите изведби минатата сезона значително паднаа, напоменува beinsports.com.

Реал Мадрид е подготвен да го ослободи Винисиус Жуниор за 150 милиони евра ако бразилската ѕвезда не ги намали своите барања.

Фотографија: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ го засили голманското место со младинскиот репрезентативец на Италија

Освојувачот на Лигата на Шампионите, Пари Сен Жермен, го објави ангажманот преку слободен …