Дома Фудбал Уништен новиот мурал на Модриќ во Задар (Фото)

Уништен новиот мурал на Модриќ во Задар (Фото)

Новиот мурал на Лука Модриќ во центарот на Задар, кај познатиот кафе бар, е уништен помалку од 24 часа откако беше откриено кого прикажува. Непознат сторител ги уништи главата и лицето на славниот фудбалер на сè уште недовршениот цртеж на фасадата на зградата и напиша навредлива порака за капитенот на репрезентацијата на Хрватска.

Задарскиот уметник Валентино Радман, кој го изработи муралот посветен на најславниот жител на Задар и го наслика во дресот на репрезентацијата на Хрватска, вака го коментираше случувањето: „Жал ми е што се случи ова во Задар“, пишува Задарски.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Лука Модриќ (39), капитен и најтрофеен играч на Реал Мадрид и капитен на Хрватска, е роден во Задар. Во тој град го помина детството, а во ХНК Задар започна да тренира фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков удар за Реал Мадрид, познат судија откри сè: Постои таа темна страна на фудбалот…

Поранешниот шпански судија Ксавиер Естрада Фернандез сведочеше за притисокот што го имал к…