Дома Фудбал УЕФА не простува: Исфрлен уште еден клуб од Европа!

УЕФА не простува: Исфрлен уште еден клуб од Европа!

Новата европска сезона сè уште не започнала, а веќе два клуба се исфрлени од УЕФА од европските натпреварувања поради повреда на правилото за сопственички структури.

Најпрвин, ирскиот клуб Дрохеда беше исклучен од Конференциската лига поради тоа што имаат ист сопственик како и данскиот Силкеборг, кој учествува во предквалификациите на Лига Европа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Исфрлањето на Дрохеда го протурка Шамрок Роверс, кој со највисок коефициент во првото предквалификациско коло, автоматски оди во второто претквалификациско коло од Конференциската лига.

Слична судбина како ирскиот клуб ја снајде и словачката Дуњска Стреда.

Овој тим требаше да започне во второто претквалификациско коло на Конференциската лига, но УЕФА ги исклучи поради слични причини како Дрохеда.

Имено, сопствениците на Дуњска Стреда делумно имаат удел во угарскиот Ѓер, кој исто така игра во предквалификациите од Лига Европа.

Оваа одлука на УЕФА, без вина, ги турна напред „аутсајдерите“ од истокот.

Поради претходниот ждреб, Дуњска Стреда во второто коло требаше да се соочи со победникот од дуелот помеѓу ерменскиот Урарту и белорускиот Немен.

Поради исклучувањето на словачкиот клуб, победникот од првото претквалификациско коло меѓу Урарту и Немен веднаш оди во третото коло од Конференциската лига.

УЕФА ќе ги разгледува и останатите клубови, и доколку се утврди дека некој има сопственички дел во два учесници во европските натпреварувања, ќе биде исклучен клубот со помал сопственички удел, бидејќи нема да се смета за главен.

Во овој случај, угарските сопственици имаат поголем дел во Ѓер, а помал удел во Дуњска Стреда, што на крајот ја чинеше словачкиот клуб учеството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…