Дома Фудбал УЕФА ја откри заработката во 2025 година

УЕФА ја откри заработката во 2025 година

Според финансискиот извештај за 2025 година, УЕФА најави рекордни приходи кои значително се зголемиле во споредба со претходните години, а исто така ги истакна и растечките средства за солидарност и развој на натпреварувањата.

Објавените податоци покажуваат дека Европската фудбалска унија собрала околу пет милијарди евра во последната година, што е пораст од 736 милиони евра во однос на 2024 година. Најголем дел од приходите доаѓаат од реформите на европските клупски натпреварувања, кои донесоа вкупно 4,4 милијарди евра, или 690 милиони евра повеќе од претходната година.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Од Нион истакнуваат дека дел од средствата се насочени кон пошироката фудбалска заедница преку механизмот за солидарност.

УЕФА ја потврди својата посветеност кон фудбалската игра со издвојување на 10% од своите бруто приходи од натпреварувања за солидарни исплати. Од оваа сума, 308 милиони евра се одредени за клубови кои не учествуваат во европските натпреварувања – што е пораст од 76% споредено со минатата година – заедно со дополнителни средства за клубовите кои се елиминирани во квалификационите фази. Дополнителни 25 милиони евра се одвоени за поддршка на Младинската лига на шампиони и на женските клубски натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ го спаси Милан

Милан се доближи на 5 поени до водачот во Серија “А” Интер, откако оствари изм…