Дома Фудбал УЕФА без милост: Лион ќе биде исфрлен од Европа!

УЕФА без милост: Лион ќе биде исфрлен од Европа!

Во вторникот, веста на денот од фудбалскиот свет не стигна од САД каде што се одржува Светското клупско првенство, туку од Франција.

Лион е исфрлен во втората лига на нивното натпреварување поради долг што не е измирен на време. Како што стојат работите, на ист начин ќе реагира и УЕФА, која ќе го исфрли овој тим од своите натпреварувања.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Минатата сезона Олимпик Лион заврши на петтото место, со што обезбеди директен пласман во лигашката фаза на Лига Европа. Очигледно, Лион нема да игра таму, а од таа одлука би можеа да профитираат два француски клуба.

Стразбур наместо да игра во плеј-офот на Конференциската лига, ќе игра на местото на Лион во Лига Европа, додека Ленс кој беше седмопласиран во Лига 1, ќе влезе во третото по ранг европско клупско натпреварување.

Се уште се очекува потврда од УЕФА, но како што изгледа сега, малку е веројатно дека ова ќе се промени. Лион најави жалба до Лига 1, според информациите од Франција, таа ќе биде само протоколарна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бившата ѕвезда на Милан се сели во Рома

Фудбалскиот клуб Рома покажа интерес за доведување на поранешниот капитен на Милан, Франк …