
Веќе беше познато дека вечерва Англија ќе настапи во Белград против Србија со значително ослабен состав, бидејќи ќе мора да се снајдат без Белингем, Сака, Палмер, Трент и Стоунс. Но, навивачите добија уште една лоша вест денеска.
Имено, левиот бек на Арсенал, Мајлс Луис-Скели, нема да биде во составот за натпреварот на стадионот „Рајко Митиќ“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Луис-Скели беше стартер во саботната победа против Андора со 2:0, но сега не е дел од списокот од 23 фудбалери кои ќе настапат против Србија.
Причините зошто Луис-Скели не е дел од тимот сè уште не се познати, но навивачите на Арсенал, за кој настапува овој 18-годишник, се грижат дека можеби е повреда во прашање.
Србија и Англија играат вечерва од 20:45 часот, а овој дуел е од суштинска важност во борбата за првото место во квалификационата група К, што носи директен пласман на Светското првенство.