Дома Фудбал Ликвидиран зетот на фудбалерот младата ѕвезда на Реал, го застрелале додека седел во бар

Ликвидиран зетот на фудбалерот младата ѕвезда на Реал, го застрелале додека седел во бар

Маурисио Нунес Гонсалвеш, зетот на фудбалерот на Реал Мадрид, Ендрик, беше убиен со огнено оружје во среда, на 25 декември, во Бразил.

Зетот на постарата сестра на напаѓачот на Реал Мадрид беше застрелан во близина на Бразилија, како што наведуваат неколку локални медиуми.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Наводно, 38-годишниот маж беше неколкупати застрелан во главата додека бил во бар.

Очевидци рекоа на полицијата дека не било претходно кавга помеѓу жртвата и убиецот, а се слушнале вкупно осум истрели.

Локалните власти отворија истрага и засега не се познати мотивите на злочинот.

Ендрик (18) е една од најголемите бразилски надежи, а ова лето премина во Реал Мадрид. Од доаѓањето од Палмеирас одигра 15 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Јунајтед лути на капитенот: Испратете го во арапскиот свет

Навивачите на Манчестер Јунајтед изразија незадоволство на социјалните мрежи откако Бруно …