Дома Останати Кошарка Уапсен бивш кошаркар на Партизан – се заканувал на полиција и ги малтретирал соседите

Уапсен бивш кошаркар на Партизан – се заканувал на полиција и ги малтретирал соседите

Поранешниот кошаркар на Партизан, Самардо Самјуелс, уапсен е во Италија. Тој правеше хаос со полицијата, со неговите соседи, а исто така со децата поради што мораше да биде уапсен откако и се закануваше на полицијата.

Сѐ започна по повик од соседите што видоа „висок човек кој пие алкохол и пушта гласна музика во двориштето на зградата“. Брзо стигна инфомација дека се работи за познат кошаркар.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Самјуелс го пушти и своето куче да шета низ дворот што дополнително ги вознемири соседите. Полицијата брзо реагираше и го приведе Самардо.

– Јас сум шампион, не сум криминалец – извика Самјуелс, додека децата плачеа од страв кога видоа што се случува, а воедно и полицијата која доаѓа.

Ова не е негов прв голем инцидент и проблем со полицијата. И пред осум години се најде во центар на скандал поради тепачка околу паркинг место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ниту страшниот трипл-дабл на Јокиќ не беше доволен, Денвер поразен од Чикаго!

Кошаркарите на Денвер не успеаја да го совладаат тимот на Чикаго Булс на сопствен терен, и…