Дома Фудбал Во Јувентус упорни да се ослободат од Влаховиќ во јануари!

Во Јувентус упорни да се ослободат од Влаховиќ во јануари!

Нема многу простор за Душан Влаховиќ оваа сезона во Јувентус, но тој постигнува голови. За само пет натпревари оваа сезона, постигна четири гола и стана вистински “џокер” на Игор Тудор.

Челниците на клубот сè уште немаат многу доверба во него, па се надеваат на нова продажба во јануари.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Причината е што на Влаховиќ договорот му истекува на крајот од оваа сезона, а за ваков напаѓач би можело да има вистинско наддавање во јуни. Поради тоа, на многумина би можело да им биде подобро решение да го донесат во јануари со симболично обештетување, Јувентус, во секој случај, сака да се ослободи од големите трошоци бидејќи е познато дека српскиот фудбалер оваа сезона заработува 12 милиони евра на годишно ниво.

Неговото заминување во јануари би значело 6 милиони евра повеќе во касата на Јувентус, плус обештетување.

Она што е дури и во овој момент јасно, Влаховиќ ќе го напушти Јувентус, дали во јуни или можеби во јануари, е единствено прашање кое сега се поставува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо ги загуби нервите: Удри противник, доби црвен картон, па иронично гестикулираше (Видео)

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, вчера заработи директен …