Ситуацијата околу Френки де Јонг во Барселона сѐ уште е предмет на шпекулации. Холандскиот играч за врска се смета за еден од фудбалерите што Барселона е подготвена да ги продаде, сега се очекуваат конкретни понуди и една таква веќе пристигна.
Како едно од големите засилувања, Де Јонг од Ајакс пристигна во Барселона. Иако често играше и беше важна алка, сепак сега не може да се каже дека е играч без кој Барселона не може да се замисли.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Познато е дека Де Јонг е најплатениот играч на клубот и има огромни примања, па Барса планира да го продаде и на тој начин да ги реши финансиски проблеми и истовремено да го растовари буџетот за плати.
По сезона обележана со повреди и учинок далеку под очекувањата, Барса е подготвена да ги разгледа сите понуди за репрезентативецот на Холандија, а една понуда ги изненадила челниците на каталонскиот тим.
Ливерпул понудил 30 милиони со 15 милиони евра во бонуси, што ги изненади сите. Иако бројката е значителна, далеку е од 80 или 100 милиони што Барса го очекуваше. Сепак, Жоан Лапорта е среќен што Ливерпул покажал интерес, договорот на Де Јонг е со важност до 2026 година.
Се верува дека Ливерпул нема да биде единствениот тим што ќе и се обрати на Барселона за Де Јонг, кој е практично пред излезни врати. Во случај да не си замине во јануари, сигурно е дека на лето ќе ја промени средината.